Кирацовски на обука со Мисијата на ОБСЕ: Остануваме посветени на воспоставените принципи на отвореност и отчетност
Генералниот секретар на СДСМ и пратеник во Собранието на Република Македонија, Александар Кирацовски учествуваше на обука во рамки на соработката помеѓу мисијата на ОБСЕ во Скопје и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, предводена од Кирацовски.
Обуката е дел од процесот инициран на 17 ноември 2017 со едногласно усвојување на одлуката од страна на Комисијата со која се утврди потребата од стандардизација на извештаите на органите и институциите кои имаат законска основа да доставуваат извештаи до Собранието на Република Македонија, а кои што се во надлежност на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
„Како политичка партија остануваме целосно посветени на воспоставените принципи на отвореност и транспарентност на сите државни институции. Во таа насока е и оваа соработка со мисијата на ОБСЕ преку која се подобрува нивото на транспарентност на државните институции, конкретно преку стандардизацијата на годишните извештаи на органите и институциите кои имаат законска основа да доставуваат извештаи до Собранието на Република Македонија. Тоа позитивно ќе влијае врз степенот на отвореност на институциите и ќе ја зголеми доверба кон нив“, порача Кирацовски.
Како клучни придобивки од стандардизацијата на годишните извештаи на независните институции Кирацовски ги издвои зајакнувањето на механизмите на надзор на Собранието врз независните институции, обезбедување на поголема транспарентност, појасен преглед на пратениците и медиумите за работата на независните институции со што се зголемува и довербата на јавноста кон Собранието и другите институции и органи.