22/11/2024
Македонија

Кирацовски: Преку законски измени ќе иницирам промена седиштето на Правниот факултет од Кичево да биде во Битола

Изјава за медиуми,
Алексанар Кирацовски, Генерален секретар на СДСМ
Битола, 01.03.2018

Денес на покана на Правниот Факултет во Битола поканет сум на трибина, насловена „Правниот Факултет меѓу традицијата и современите предизвици“. Драго ми е што сум денес тука, знаете дека како и сите високи институции во Репубика Македонија, така и Правниот факултет во Битола има свои предизвици, но најбитни се оние преку коишто токму овој факултет и генерално факултетот Св. Климет Охридски во Битола, можат да обезбедат трајност и одржливост и меѓудругото и свој квалитет.

Како што знаете, Правниот факултет во Битола претставува дисперзирана испостава на Правниот Факултет во Кичево, со седиште во Кичево. Токму во седиштето имаме негативен тренд на запишување на студенти, од една страна, од друга страна фактите и аргументите укажуваат позитивен тренд на запишување и квалитет на Правниот факултет во Битола. Од друга страна пак, имаме на голем број на институции, Основен и Апелационен суд, Основно и Вишо Јавно Обвинителство, имаме регистрирани 146 адвокати и адвокатски друштва, имаме чинам 7 извршители во Битола и 13 нотари. Имаме голем број на институции, приватни компании, невладини организации коишто дополнително тука во Битола може да претставуваат развој на овој факултет и нормално развој на студентитет и на постдипломците.

Токму овие аргументи, токму овие факти, налагаат промена на седиштето на овој факултет, имено истиот наместо во Кичево да биде во Битола, со што ќе се зголеми атрактивноста на овој факултет од една страна, а од друга страна, преку низа на други мерки и активности ќе се овозможи долготрајност и одржливот на истиот.

Токму затоа, јас како пратеник во Собранието на Република Македонија, предложен и изгласан од граѓаните на Битола во Собранието на Република Македонија наскоро ќе поднесам еден предлог-закон со којшто ќе барам промена и поддршка од моите колеги пратеници за промена на седиштето на факултетот, наместо да биде во Кичево, да биде во Битола, со што не значи дека кичевскиот факултет и Правен факултет во Струга ќе бидет укинати. Напротив ќе се зголеми квалитетот во истите и студентите од тие факултети ќе можат своите искуства да ги доградуваат тука во Битола кадешто всушност ќе биде седиштето. Тоа е за добро на факултетот и за добро на Универзитетот и нормално за студентите, независно од каде доаѓаат.