Кирил Лазаров назначен за нов селектор на машката ракометна репрезентација
На денешната online прес-конференција, претседателот на Ракомететната Федерација на Македонија, Живко Мукаетов ги информираше медиумите дека на одржаната Седница на Управниот Одбор на РФМ на ден 12.02.2021 година, членовите на Управниот Одбор на РФМ едногласно го усвоија предлогот за назначување на Кирил Лазаров за Селектор/Тренер на сениорската машка ракометна репрезентација.
На денешната прес-конференција присуствуваше и се обрати Кирил Лазаров кој се заблагодари на доверената поддршка од страна на РФМ и ги информираше медиумите дека во периодот кој претстои ќе бидат објавени и соработниците, членовите на новиот стручен штаб.