Кирил Пецаков го оствари своето гласачко право
Кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков, заедно со неговата сопруга утринава го остварија нивното право за гласање.
„Денот нека помине во фер, демократска и достоинствена атмосфера со што граѓаните ќе можат да го искористат своето гласачко право. Искрено се надевам на правилен избор кој има да значи промени, просперитет и развој на Охрид. Промените доаѓаат!“ – рече Пецаков.
„Промените, од каде ако не од Охрид, тоа е најдоброто место да започнат. Она коешто граѓаните на крај ќе го одлучат значи дека подобрата програма победила. Енергијата ќе ја имам сè додека не ја промениме оваа власт. #ПромениПроектиПобеди,“-додаде Пецаков.