Класиката го сретнува џезот во Филхармонија
Во Камерната сала на Македонската филхармонија, утре во 20 часот, концерт ќе одржи Квартетот тромбони на Македонската филхармонија во состав: Димче Белчовски, Бранко Илиевски, Никола Ристевски – тромбони и Александар Ниниќ – туба. Како гости на концертот ќе настапат Маријана Николовска на пијано и Славчо Коцев на тапани.
Концертот на Квартетот тромбони носи наслов „Класиката го сретнува џезот“, а ќе бидат изведени атрактивни дела од Гершвин, Рубинштајн, Кармајкл, Ф. Давид, Д. Хадад, Л. Нихаус, композиции кои се фантастичен микс од техниките на западната класична школа и џезот.