07/10/2024
Охрид

Клубот на млади од Црвен Крст Охрид организира отворен ден „Од млади за млади“

По повод одбележување на Меѓународниот ден на млади под мотото ОД МЛАДИ ЗА МЛАДИ Клубот на млади на Црвен Крст Охрид денес, 12.08.2024 (понеделник) организира отворен ден на градскиот плоштад Св.Климент Охридски“ со почеток од 19:00 ч.

На овој настан младите волонтери на Црвен крст Охрид ќе презентираат бројни активности во Црвениот крст, од здравствено-превентивната дејност, првата помош, спасувањето на вода и планина, а загарантирана е и добра забава.

Посетителите, особено младите ќе имаат можност, во зависност од своите желби и афинитети, да пополнат пристапници и се приклучат во најголемото хуманитарно семејство во светот, за со своето делување да придонесат во намалување на ранливоста на населението.


WebOhrid / 12.08.2024 / Црвен крст Охрид