22/11/2024
Охрид

Книга за Чинго

Во издание на Општина Охрид, деновиве од печат излезе „Книга за Чинго“, што ја приредија Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски. Во ова капитално дело поместени се бројни прилози на еминентни имиња, низ кои читателот на едно место може да се запознае со величината на делото на Живко Чинго. На 357 страници се поместени научни трудови, есеи, записи, спомени, осврти и други жанрови низ кои се претставуваат вредностите на делата на еден од бардовите на современата македонска литература.

– Сметам, за секогаш ќе остане сиромав оној писател што ќе замиже пред сегашноста, но најголема казна ќе падне врз лицето на најталентираните автори ако рамнодушно се однесат кон своето време. Се разбира, многубројни се дилемите, работата претешка, неблагодарна, – но искрениот творец никогаш не калкулирал, тој мора да биде на прва линија – ќе рече Чинго запрашан како во неговото творештво влијаат моралните и творечките дилеми на сегашноста и минатото.

Најновото издание на општина Охрид „Книга за Чинго“ ќе биде промовирано на годинашната културна манифестација „Вечер на Чинго“.