Книжевна вечер со Ангелина Петровиќ
По повод Месецот на книгата, НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид организира книжевна вечер со Ангелина Петровиќ, на која ќе биде претставено нејзиното творештво преку романот „Духови крај Дрина“. Настанот ќе се одржи утре, четврток, 1 ноември 2018 год. со почеток во 18:00 часот во „Прличевата одаја“ при Библиотеката.
Ангелина Петровиќ е родена во Сараево, а високо образование стекнала во Србија. Живее и работи во Обреновац. Членува во Друштвото на писателите на Србија.
Автор е на шест романи и една збирка новели.
„Овој книжевен настан претставува празник за љубителите и творците во книжевноста, зашто уметноста и професионализмот што зрачат од нашата угледна гостинка, побудуваат восхит и нудат патокази во нашево време. Верувам дека сите присутни ќе имаат ретко доживување со зацврстување на вербата во уметноста и со будење на креативноста“ – вели промоторот Тоде Илиевски.
По настанот авторката Петровиќ ќе потпишува примероци од нејзините дела, а еден примерок чини 300 ден.
– Книжевна вечер со Ангелина Петровиќ.