23/11/2024
Охрид

Коледарчиња го разбудија Охрид

Рано утрово, коледарчињата први ја соопштија веста за раѓањето на Исус Христос и го означија денешниот празник Бадник. Со посетување на секој дом, се тропка со чеканче и се пее традиционалната коледарска песна:

„Коледе, леде!
паднало греде,
утепало деде.
Дедо се мачи,
баба го квачи,
со четири јајца
гускини, паткини, шаткини!
О. О. коледе!“

Откако ќе ја испеат песната, домаќините на коледарчињата им даваат јаболка, ореви, костени, бонбони и пари.

Бадник е празник кој традиционално се прославува во кругот на семејството. Освен коледарчињата, денешниот ден го означува и кршењето на лепче со паричка. Се верува дека тој што ќе ја најде паричката, таа година ќе има среќа.

За многу години!

WebOhrid