Колинда Грабар-Китаровиќ: Вие припаѓате во фамилијата на ЕУ и НАТО, и Хрватска е спремна да ви помогне на тој пат
Со видео обраќање, претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ и изрази поддршка на Република Македонија за успешен референдум, во кој граѓаните на 30-ти септември ќе одлучуваат за својата европска иднина.
Таа истакна дека Хрватска силно нѐ поддржува, сега кога се соочуваме со многу важна одлука за претстојниот референдум.
„Вие припаѓате во фамилијата на ЕУ и НАТО, а Хрватска е спремна да ви помогне на тој пат, со тоа што ќе го споделиме нашето искуство. Ова е можност да придонесете кон целовкупната стабилност и напредок во југоисточна Европа.
На крајот одлуката е Ваша и само ваше право. Ние ќе ве поддржиме во сите ваши напори“, вели во своето видео обраќање за поддршка претседателката Колинда Грабар-Китаровиќ.