22/11/2024
Македонија

Комеморација и положување венец во спомен на починатите британски војници

Денес, делегација од Министерството за одбрана на Република Македонија и Армијата на Република Македонија, предводена од државниот секретар во Министерството, Драган Николиќ, положи венец со свежо цвеќе на британските воени гробишта во Скопје, во спомен на починатите британски војници од Првата светска војна.

На Комеморацијата на британските воени гробишта присуствуваа и амбасадори и одбранбените аташеи акредитирани во Република Македонија.

Церемонијата на британските воени гробишта каде се наоѓаат гробовите на 117 војници, е во спомен на загинатите во Првата светска војна и претставува потсетник за трагедијата на сите луѓе, војници и цивили од сите националности, кои ги изгубиле своите животи, борејќи се за мирот и слободата.