25/11/2024
Охрид

Комплетна забрана за движење по пешачките патеки околу комплексот „Инекс“ до 17-ти октомври

СВР Охрид ја информира јавноста дека, од денеска во Охрид отпочнуваат подготвителни активности за показната симулациска вежба која, припадници на МВР ќе ја реализираат на 17 овој месец кај каналот „Студенчишта“ во Охрид, а потоа на одредени точки во водите на Охридското Езеро. Поради тоа, од денеска до 17 октомври, од 05:00 до 13:00 часот, полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ во соработка со Капетанија на пристаништата, ќе спроведат ограничување на внатрешната пловидба на дел од пловниот пат од каналот до комплексот „Инекс“.

Од денес до 17 овој месец, ќе има комплетна забрана за движење по пешачките патеки околу комплексот „Инекс“ како и забрана за паркирање на паркинг просторот кај хотелот „Инекс Олгица“.

На 17 октомври, на денот на изведување на показната вежба, од 10:00 до 13:00 часот, забрана за движење ќе има и на пешачката патека од мостот кај каналот „Студенчишта“.

Се замолуваат граѓаните да ги почитуваат насоките на полициските службеници кои, на овој простор ќе преземаат мерки од областа на безбедноста.


WebOhrid / 15.10.2024 / СВР Охрид