Комуналец стартува со платформата за електронска наплата
ЈП „Охридски Комуналец“ започна со Е-наплата на сметките за услугата: подигање, транспорт и депонирање на комунален отпад. Со оваа платформа за електронска наплата им овозможуваме на корисниците онлајн плаќање на сметките со кредитна или дебитна картичка без провизија.
Со оваа услуга корисниците ќе имаат увид во неплатените месечни сметки и брзо, лесно и сигурно ќе можат истите да ги платат.
За оваа услуга корисникот треба да креира кориснички профил на веб-страната www.eohridskikomunalec.com.mk каде се внесува шифрата на корисник испечатена на сметката. Доколку корисникот сака да има увид во повеќе свои објекти во шифра на корисник се внесуваат шифрите разделени со запирка, а прегледот на неплатени сметки е даден по објекти. Услугата е достапна 24/7 па на тој начин се избегнува закаснетото плаќање и се избегнуваат каматите, се заштедува време и енергија.
Со онлајн плаќањето се доближуваме и до нашите корисници чие постојано место на живеење е надвор од општина Охрид.
Со кликнување на сликата можете да се регистрирате: