Кон какво образование тежнееме?
Колкаво значење треба да се дава на образованието?
Зошто е значајно да си образован односно да имаш чист образ?
Кон какво образование тежнееме?
Зошто секогаш реформи, но никогаш правиот клуч до решение?
Како учител, што ја практикува секојдневно својата работа што ја работиме со љубов,во многу сложени училишни средини, тешкотии од сите страни,треба да си модератор, креатор на ефективна, креативна, современа настава. Доколку сето тоа го спроведуваш заради невините детски срца што го следат твојот пример,осмислуваш, применуваш секој ден нови идеи како да ги учиш, да ги мотивираш.
Ги охрабруваш, потикнуваш за нив и со нив учествуваш на локални,регионални, државни, интернационални,светски конкурси, проекти, работилници, часови во природа, излети, екскуразии. За возврат се добиваат сертификати, дипломи, награди од надвор за нив и учителот, да послужат во збирката, портфолиото, те ценат, а дома ???.
Во мојата 20 годишна пракса, не знам дали за учителите, наставниците во основно се доделувала награда за 24 мај,само на ученици, да се доделувало. Зошто барем малку не ги мотивираме, тие што ги учат,воспитуваат,образуваат децата? Повеќе квалитетни наставници има во нашиот град,што го презентирале со своите ученици. Како Охрид, лулката на писменоста не води сметка да се направи асоцијација на учители,да се одржуваат манифестации со добри пракси или не мора тоа,зарем два дена 24 мај и 8 декември да се помисли на нив да се прочитаат со име и презиме дека тие наставници со такви примање работат од љубов и ентузијазам.
Знам во минатото постоеше интерно во училиштето истакнат наставник,а и тоа го нема години,дури сега и на Прославите на Патронат во матичните училишта нема ништо за наставниците, поразително но вистинито, исклучок можеби во некои училишта е поинаку не знам.
Додека во Светски рамки се зголемува достоинството, се почитува, наградува учителот, се одржуваат Глобални конференции, форуми.
Охрид има квалитетни луѓе како што вели почитуваниот Саше Митаноски, во иднина треба да ги чуваме. Надлежните институции да поразмислат какво образование сакаме и какви наставниците ке го водат образовно-воспитниот процес.
Кога веќе завршија чествувањата за нашиот патрон Свети Климент Охридски, малку ке проговорам и за тоа. Заслужени честитки за Проф.Никола Бошале, Супер Радио и проф.др. Ангела Василоска, наградите во вистински раце, да продолжат и понатаму за презентирање на Охрид во нашата држава и надвор од неа.
Само апел до Комисијта за награди,признанија и манифестации во иднина, би требало да се почитуваат и останатите пријавени,апликанти на конкурсот барем да се прочитаат со име и презиме. Реченицата дека се испочитувани критериумите од 5 апликанти, може да се замени и да се каже кои се тие, здруженија,групи, поединци што вложиле труд и ги исполниле условите. За доброто на овој град,во кој е голем благослов да се живеее.
Виолета Петковска-учителка, проф.по одделенска настава
*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.