Концерт на „Танец“ на Есенските музички свечености
Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“ вечер во Дом на АРМ од 20 часот ќе одржи концерт во рамки на 18. Есенски музички свечености кои ги организира Дирекцијата за култура и ументост-Скопје…
Ќе настапат оркестарот и пејачкиот хор со вокално-инструментални дела од богатата народна традиција, како и играорците на ансамблот кои ќе изведат неколку кореографии: Русинско соборско оро, Раштак, Роненка.
„Танец“, кој го носи епитетот амбасадор на македонскиот фолклор, имал над 5500 концерти на подиуми во Македонија и во светот. Неговиот репертоар го сочинуваат меѓу најпознатите игри, песни и оркестарски дела од народното творештво, како „Невестинско“, „Тешкото“, „Комитско“.