Концерт по повод победата над фашизмот во Струмица
По повод 73 годишнината од победата над фашизмот, амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија во соработка со Општина Струмица, организира културен настан под мотото “Уметност во име на победата”…
Љубителите на културата во Струмица ќе можат да го проследат настапот на виолинистката Ана Контраденко,КУД „Чајка“, КУД Славјанка, како и настапот на гостите од градот Електростаљ кој е збратимен со Струмица. Настанот е закажан за вечерва, во просторот на НУКЦ „Антон Панов“ во Струмица, со почеток во 19.30 часот.