Концерт во МНТ по повод Светскиот ден на хармониката
Вечерва на Големата сцена во Македонскиот народен театар во Скопје, ќе се одржи концерт по повод Светскиот ден на хармониката. Реномирани изведувачи ќе изведат дела од Зубицки, Дербенко, Бете Илин, Анџелис, Пјацола…
По повод интернационалниот празник и роденден на инструментот хармоника, Здружението „Љубители на класичната музика” од Скопје по десетти пат организира концерт, кој е поддржан преку националната годишна програма на Министерството за култура.
На концертот, кој почнува вечерва во 20ч. Во МНТ во Скопје, ќе настапат реномирани уметници од земјата како и ученици и студенти од класата на проф. Зорица Каракутовска. На програмата се дела од Зубицки, Дербенко, Бете Илин, Анџелис, Пјацола и други.
Светската Унија на хармоникашите одлучи 6-ти мај да го прогласи за Светски ден на хармониката во 2009 година. Причината токму овој ден да биде прогласен за ден на хармониката е датумот на кој во 1829 година за прв пат е патентиран инструментот.