Концерт во пресрет на големиот христијански празник Велигден
Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, во сабота на 23-ти април 2022 година, со почеток во 19 часот на малата отворена сцена во близина на ТЦ „Амам“ ќе се одржи Велигденски концерт.
На празничниот настан ќе настапат членовите на КУД „Гердан од бисери“, хорот „Весели Бисерчиња“ и „Ансабл Билјана“.
Концертот е под покровителство на Општина Охрид.
WebOhrid / 20.04.2022 / Општина Охрид