Kонечни резултати од II Општинско првенство во шах „7 Ноември 2022“
Вo прекрасен амбиент, во просториите на Младински Центар Охрид, денес (06.11.2022), во чест на 7 Неоември – ден на ослободување на Охрид, во организација на ШК Ласкер Охрид, со поддршка на Општина Охрид се одржа II Општинско првенство во
шах „7 НОЕМВРИ 2022”. Се играше во 7 кола Швајцарски систем, темпо на игра 10’05. Учество зедоа 24 шахисти, меѓу кои и 3 девојки.
Најуспешен беше Љупчо Попаѓоски со 6 поени од 7 партии, втор беше Методија Анѓелкоски со 6 поени но послаб бухолц, а третото место го освои Александар Алексовски со 5 поени и најдобар бухолц во споредба со шахистите кои имаа 5 поени Даниел Нунески и Стојан Велкоски, шестото место го освои Ерол Су со 4 поени, најдобар возрасен шахист 65+ беше Пандо Пурцов со 4 поени, најдобра шахистка беше прогласена Јана Анѓелкоска со 4 поени, најдобар млад шахист роден 2008 и помлад Михаил Николовски со освоени 4 поени.
Наградите на најуспешните им ги додели советникот од Општина Охрид, Антонио Наумоски.
Годишната програма на ШК Ласкер Охрид, е финансиски поддржана од Општина Охрид.
Во продолжение комплетната конечна табела:
WebOhrid / 06.11.2022 / ШК Ласкер Охрид