Конференција на 19-та Алијанса за борба против трговија со луѓе
Делегација предводена од државниот секретар на МВР, м-р Магдалена Несторовска, во својство на Национален координатор за борба против трговија со луѓе и илегална миграција на 08 и 09 Април 2019 година во Виена, Австрија учествуваше на Конференцијата на 19-та Алијанса за борба против трговија со луѓе на тема “Употреба на технологијата во борба против трговија со луѓе“.Конференцијата беше организирана од Канцеларијата на Специјалниот претставник и координатор на ОБСЕ за борба против трговија со луѓе и на неа присуствуваа претставници од 57 држави, како и голем број на невладини организации. На конференцијата беа разменети искуства за препознавање како технологијата се користи од страна на криминалците за регрутирање на жртви на трговија со луѓе, но истовремено се дефинираа и препораки како технологијата може да биде значајна алатка за спречување на трговијата со луѓе, а особено во однос на идентификацијата на жртвите и спроведувањето на истрагите против сторителите на овие дела.На конференцијата исто така учествуваше и амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ на Република Северна Македонија, Н.Е. Игор Џундев.