Конференција посветена на меѓународната помош за поддршка на реформските процеси и зајакнување на капацитетите на МВР
Во организација на Министерството за внатрешни работи, вчера (11.04.) во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, се одржа конференција посветена на поддршката што ја дава меѓународната заедница на Министерството за внатрешни работи во реформскиот процес, во насока на исполнувањето на европските стандарди во областа на правдата и внатрешните работи.
На конференцијата покрај претставници од голем број организациски единици од министерството за внатрешни работи, присуствуваа и повеќе од 20 претставници на акредитираните амбасади во земјава и на меѓународните организации кои даваат помош и поддршка на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи.
Поздравно обраќање на конференцијата имаше директорот на Бирото за Јавна Безбедност г. Лазо Велковски, кој истакна дека исполнувањето на стандардите во полициското работење претпоставуваат успешна борба против сите видови на криминал, но и почитување на човековите права и слободи, а реформите во безбедносниот систем и идните планирани активности во оваа сфера бараат исклучителна посветеност од страна на Министерството, но и поддршка од меѓународната заедница која секогаш е добредојдена. Меѓу другото, во рамки на работната сесија, се донесоа заклучоци за понатамошна соработка помеѓу МВР и меѓународната заедница кои имаат единствена цел – подобрување на безбедноста на граѓаните во Република Македонија и изградба на праведно општество кое ќе биде гарант за стабилноста и заштитата на сите што живеат и престојуваат во Република Македонија.
https://www.youtube.com/watch?v=lwcBCHO2OWk