23/11/2024
Македонија

Конференција посветена на жените од руралните средини

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска се обрати на конференција посветена на жените од руралните средини, организирана од Хелсиншкиот комитет за човекови права во рамки на проектот „Поддршка од граѓанското општество кон политиките за социјална кохезија и различностите“, поддржан од Британската амбасада во Македонија.

Во своето обраќање, министерот истакна бројни мерки за унапредување на здравствената заштита на жените во руралните средини, опфатени со Програмата за активна здравствена заштита на мајки и деца за 2018 година, меѓу кои: едукативни посети во ромски и рурални средини за детско здравје, важност за имунизација, здрава бремености мајчинство, доење со особен осврт на 11 општини во кои претежно живеат Роми и тоа: Шуто Оризари, Карпош, Виница, Делчево, Пехчево, Битола, Прилеп, Тетово, Гостивар, Штип и Куманово кои ќе ги спроведат превентивните тимови во Здравствените домови и патронажните сестри. Една од предвидените активности од Програмата за мајки и деца е и бесплатни прегледи и лабораториски прегледи во тек на бременост, поврзани со бременост, бесплатно породување за бремени неосигурани жени, жени Ромки, жени од социјално ранливи категории и лица без идентификација, како и бесплатно болничко лекување на доенчиња од неосигурани мајки, жени Ромки, жени од социјално ранливи категории и лица без идентификација во СИТЕ јавни здравствени установи и со оваа мерка се очекува да се олесни пристапот до овие услуги на ранливите групи жени со понизок социо – економски статус вклучително и жени Ромки.

Со цел унапредување на сексуалното и репродуктивното здравје предвидено е да се спроведе набавка на современи контрацептивни средства (орална контрацепција, спирали, кондоми) за жени од социјално-ранливи категории (Ромки, кориснички на социјална помош, жени со репетитивни абортуси)-а опфатени ќе бидат УК за гинекологија и акушерство Скопје, клинички болници, општи болници и Специјална болница за гинекологија и акушерство Мајка Тереза Скопје.

Токму со цел унапредување на гинеколошката здравствена заштита во тешко достапни и рурални места – УНФПА како партнер на Министерството за здравство донираше две мобилни гинеколошки клиники , кои се целосно опремени и е предвидено да пружаат гинеколошки услуги.