Конкурс за доделување на стипенди за студиско усовршување на студенти на редовни, магистерски и докторски студии во Словачка
Конкурс за доделување на стипендии во времетраење од 30 (триесет) месеци за студиско усовршување на студенти на редовни, магистерски и докторски студии во Република Словачка
Министерството за образование, наука, истражување и спорт на Република Словачка во рамки на билатералниот договор со Република Македонија за академската 2018/2019 година доделува стипендии во времетраење од 30 (триесет) месеци наменети за:
– студиско усовршување од 3 до 10 месеци за студенти на редовни, магистерски и докторски студии.
Кандидатите треба да ги поднесат следниве документи во два примероци:
–Пријавен лист (Application form) пополнет на англиски или словачки јазик – достапен на следниот линк: http://www.minedu.sk/scholarships-offered-within-the-framework-of-bilateral-programs-of-cooperation-new/
– Кратка биографија – CV
-Мотивационо писмо,
– Детално подготвен предлог план за студиското усовршување,
– Писмо за прифаќање од страна на институција во Словачка,
– Препораки од универзитески професори- две препораки за студенти на редовни и магистерски студии, една препорака за студенти на докторски студии потпишана од менторот.
– Уверение за положени испити за студенти на редовни и магистерски студии,
– Листа на објавени трудови за студенти на докторски студии,
– Две фотографија со димензии 3.5 cm x 4 cm (димензии на патна исправа).
– Сертификат за познавање на англиски јазик, во случај студентот да не го владее словачкиот јазик.
Крајниот рок за пријавување е 23 март 2018 година.
Пријавниот потпишан лист во оригинал со останатите пропратни документи се доставуваат во Министерството за образование и наука (бул. „Кирил и Методиј„ бр. 54, Скопје).
Подетални информации и пропишаните обрасци може да се најдат во текстот на Конкурсот објавен на интернет страната на Министерството: www.mon.gov.mk, (документи/конкурси) или на тел: 02 3140 185/лице за контакт: Гоце Видановски, како и на интернет страната: http://www.minedu.sk/scholarships-offered-within-the-framework-of-bilateral-programs-of-cooperation-new/