Конкурс за доделување Општинска награда – Патрон на градот „Св.Климент Охридски“
По повод 8-ми Декември – „Св. Климент Охридски“-градоначалникот на Општина Охрид распишува Конкурс за доделување на општинската награда – Патрон на градот “Св.Климент Охридски” за 2022 година.
Наградата се доделува за животно дело, односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење за Општина Охрид и кои имаат голем придонес во нејзиниот развој, напредок и севкупна афирмација во Република Македонија и светот.
- Право на учество на Конкурсот имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и поединци.
- Во пријавата треба да се достави кратка биографија и образложение за какви остварувања и придонес станува збор. Исто така, кон пријавата потребно е да се достави и најмалку една препорака од релевантна институција или истакнат поединец од областа за која се конкурура.
- Наградата “Патрон на градот “Св. Климент Охридски” се доделува на еден добитник само еднаш и истата не може да се дели меѓу повеќе добитници.
- Конкурсот трае 15 дена сметано од денот на објавувањето.
- Пријавите кои ќе бидат доставени по истекот на рокот нема да се разгледуваат.
- Пријавите да се достават на адреса: ул. “Димитар Влахов” бр.57, за градоначалник на Општина Охрид (со назнака: ЗА КОНКУРС ОПШТИНСКА НАГРАДА – ПАТРОН НА ГРАДОТ “СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ”).
WebOhrid / 14.11.2022 / Општина Охрид