22/11/2024
Македонија

Конкурс за доделување стипендии за додипломски, магистерски и докторски студии и специјализации во НР Кина

Конкурс за доделување на 19 стипендии за додипломски (редовни), магистерски и докторски студии и специјализации (1 стипендија доделена од Владата на НР Кина и 18 унилатерални стипендии) и 3 стипендии на Централно-Источно Европската програма за медицина на Владата на Народна Република Кина

Владата на Народна Република Кина за учебната 2019/2020 година доделува 19 стипендии за додипломски (редовни), магистерски и докторски студии и специјализации (1 стипендија доделена од Владата на НР Кина и 18 унилатерални стипендии) и 3 стипендии во рамки на Централно-Источно Европската програма за медицина на државните универзитети во Народна Република Кина.

Кандидатите потребно е да ги поднесат следниве документи во три примероци:

– Пријавен лист (пријавувањето се врши онлајн на www.csc.edu.cn/studyinchina или на www.campuschina.org, агенциски број 8071/, а пополнетиот формулар се доставува и во министерството).

– Фотокопии од свидетелствата за завршните години од средно образование (за редовни-додипломски студии) преведени на англиски јазик или кинески јазик и заверени на нотар,

– Фотокопија од дипломата за завршено високо образование (магистерски и докторски студии и специјализации) преведено на англиски јазик или кинески јазик и заверено на нотар,

– Фотокопија од уверението за положени испити (магистерски и докторски студии и специјализации) преведено на англиски јазик или кинески јазик и заверено на нотар, 

– План за студиите (до 200 зборови за редовни студии, до 500 зборови за специјализации и до 800 зборови за магистерски и докторски студии),

– Две препораки од универзитетски професори (магистерски и докторски студии и специјализации), 

– Кратка биографија,

-Писмо за прифаќање од избраниот универзитет (подетални информации на htpp://www.CampusChina.org и www.csc.edu.cn/Laihua/universityen.aspx),

– Лекарско уверение (Foreigner Physical Examination Form) се пополнува на англиски јазик и треба да ги содржи сите наведени испитувања, да има потпис од доктор, официјален печат од здравствената установа и прикачена фотографија од кандидатот. 

– Потврда за познавање на англиски или кинески јазик (HSK сертификат),

– Кандидатите кои се пријавуваат за студии во областа на музиката, покрај наведените документи треба да достават и ЦД со нивни музички изведби, а кандидатите кои се пријавуваат за студии по уметност, покрај наведените документи, треба да достават и ЦД со нивните уметнички творби (2 цртежа, 2 слики во боја и 2 творби по сопствен избор).

Краен рок за пријавување е 01.04.2019 година.

Подетални информации може да се обезбедат на тел: 02 3140 185 / лице за контакт: Олга Дуковска-Атов, како и на интернет страните http/www.campuschina.org или http//en.csc.edu.cn/studyinchina.

Прифатените кандидати, студиите ќе ги започнат од септември 2019 год. Изборот на кандидатите ќе го изврши Амбасадата на НР Кина во Скопје.