26/11/2024
Охрид

Конкурс за избор на идејно решение за лого по повод 80 годишнината од ослободувањето на Охрид

Општина Охрид   објавува Конкурс за избор на идејно решение за лого по повод 80 годишнината од ослободувањето на Охрид.

Целта на  логото е со низа на културни и спортски настани да се одбележи јубилејот 80 години слободен Охрид.

Сите настани организирани или поддржани од Општината  ќе го носат логото кое ќе го избере стручна жири – комисија формирана од градоначалникот на Општина Охрид.

Сите знаедно под плаво белото знаме на Општина Охрид да го прославиме 7 ноември – Денот на ослободувањето на Општина Охрид.

По повод големиот Јубилеј  Општина Охрид ќе организира  повеќе активности со сите охридски репрезенти (културни, образовни, спортски, научни и сл), а главната свеченост ќе биде на 7.11.2024 година на самиот роденден на Охрид.

К О Н К У Р С ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ ЗА ЛОГО ПО ПОВОД 80 ГОДИШНИНАТА ОД ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ОХРИД


WebOhrid / 16.05.2024 / Општина Охрид