Конкурс за избор на рецензенти
Врз основа на член 50 од Законот за научно-истражувачка дејност („Службен весник на Република Македонија’ бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14, 145/15 и 154/15), Правилникот за начинот и постапката и поблиските критериуми за финансирање и надзор на годишните програми за финансирање на научно – истражувачки проекти односно програми („Службен Весник на Република Македонија“ бр. 82/09, 149/09,25/11 и 129/13, Министерството за образование и наука на Република Македонија, распишува:
КОНКУРС
за избор на рецензенти кои ќе ги рецензираат проектите по објавениот Конкурс за кофинансирање на билатерални проекти меѓу Република Македонија и Република Австрија за периодот 2018 – 2020 година
Министерството за образование и наука на Република Македонија, од пријавените кандидати ќе изврши избор на рецензенти, кои ќе ги рецензираат поднесените предлог – проекти по Конкурсот за кофинансирање на билатерални проекти меѓу Република Македонија и Република Австрија кои ќе се финансираат во периодот 2018-2020 година.
Рецензентите треба да бидат од редот на врвни познати и признати истражувачи со научно, односно наставно-научно звање од соодветното научно поле и научно подрачје на истражување.
Рецензентите треба да бидат од следните научни полиња, односно научни подрачја на истражување:
– Природни науки, (математика, хемија, биологија, физика);
– Електро технички- технолошки науки, земјотресно инжинерство
– Компјутерски науки и информатика;
-Хуманистички науки, (лингвистика, психолингвистика, социологија);
– Медицински нуаки и ветерина
При изборот на рецензентите предност ќе имаат истражувачите со научно и наставно-научно звање кои ги исполнуваат следниве критериуми:
– компетентност на рецензентот,
– рецензентот да има објавено научни трудови во
меѓународни списанија,
– да главен истражувач или да е учесник во најмалку еден
национален проект,
– да е главен истражувач или да е учесник во најмалку еден
меѓународен проект,
Избраните рецензенти ќе ги оценуваат пријавените билатерални проекти врз основа на следниве критериуми:
– придонес во продлабочувањето и проширувањето на
научните знаења;
– оригиналноста на целите и содржината на истражувањето;
– компетентност на главниот истражувач;
– компетентност и оригиналност на истражувачкиот тим;
– придонесот во оспособувањето на млади истражувачи;
– релевантноста на проектот на целите на истражувањето;
– конкурентноста за меѓународна соработка;
– остварливоста на предлог проектот (финансиска конструкција), можности за примена на резултатите.
Во постапката за оценување рецензентите треба да се придржуваат кон професионалните и етичките норми (објективност, непристрасност и одбегнување на конфликт на интереси).
Пријавата за рецензент, уредно пополнета заедно со список на објавени научни трудови и учество на конгреси и симпозиуми, се доставува во Министерството за образование и наука, на ул. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.
Краен рок за доставување на пријавите е 02.02.2018 година.
Некомплетни или ненавремено доставени пријави, нема да бидат разгледувани.
За преземање: