23/11/2024
Охрид

Конкурс за обука на личен асистент на лица со попреченост

Врз основа на верификација на посебна програма за Личен асистент на лица со попреченост, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Охрид распишува:

 К О Н К У Р С

за обука на Личен асистент на лица со попреченост

Сите заинтересирани лица од општина Охрид и општина Дебрца кои сакаат да ја следат обуката и се стекнат со верификуван сертификат за личен асисент на лица со попреченост да дсе пријават на овој конкурс во периодот од 10.05.2022 до 25.05.2022 година.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

Да се државјани на Република Северна Македонија;

Да се полнолетни;

Да имаат општа психо-физичка способност за работа;

Да имаат минимум основно образование;

Да бидат мотивирани да работат со лица со попреченост;

Да бидат мотивирани по обуката да бидат вклучени во Нега Центарот при Црвен крст Охрид

Потребни документи:

Уверение за државјанство на РСМ

Документ за лична идентификација (лична карта, пасош)

Доказ за завршено образование

Заинтересираните кандидати можат да се пријават:

Во просториите на Црвен крст Охрид секој работен ден од 9 до 15 ч.;

На телефоните: 046 261 909 и 070 315 309;

На е-маил: ohrid@redcross.org.mk (каде треба да ги остават следните податоци: име и презиме, дата на раѓање и контакт телефон).

Секој уредно пријавен кандидат ќе биде повикан на интервју.

Напомена: Кандидатите кои ги исполнуваат барањата и критериумите ќе посетуваат соодветна обука според верификувана програма, спроведена од стручен тим на предавачи и демонстратори. По успешно завршената обука личниот ассистент на лица со попреченост ќе биде дел од тимот на Нега центарот при Црвен крст Охрид со можност за платен работен ангажман.

Црвен крст Охрид е овластена организација за спроведување на обуки за Лични асистенти на лица со попреченост во Охрид и Дебрца, според верификувана програма.

Со цел развивање на услугите за долготрајна помош на лицата со попреченост од страна на квалификуван и професионален кадар, Црвен крст Охрид со помош и поддршка на Општина Охрид организира обука за Личен асистент на лица со попреченост. Обуката, која содржи теоретски и практичен дел, трае 2 месеци, а ќе се реализира во простории на Црвен крст Охрид, прилагодени и опремени со потребната опрема и помагала. Обуката ќе ја изведува наставен кадар-едукатори (доктор по медицина, медицинска сестра, социјален работник и дефектолог), пет дена во неделата, во период заеднички договорен. По успешно завршената обука кандидатот се стекнува со соодветен сертификат за Личен асистент на лица со попреченост.

Заинтересираните кандидати на возраст од 18-60 години, ќе можат да добијат повеќе информации и искажат интерес за обуката со јавување на еден од телефоните 046 261909 и 070 315309, на е-маил: ohrid@redcross.org.mk или во просториите на Црвен крст Охрид.

Конкурсот за пријавување на кандидати за обука на Личен асистент на лица со попреченост ќе биде отворен од 10.05. до 25.05.2022.

Ги очекуваме сите оние кои имаат желба и потреба да стекнат вештини и знаења за Личен асистент на лица со попреченост и бидат дел од тимот на Нега центарот на Црвен крст Охрид.


WebOhrid / 10.05.2022 / Црвен крст Охрид