22/11/2024
ДебрцаОхрид

Конкурс за поетски, прозни и ликовни творби на тема: „Топлите прегратки на баба и дедо“

Во рамки на одбележување на 1 октомври – Меѓународниот ден на стари лица, на иницијатива на Клубот за грижа за стари лица при Црвен крст Охрид, Црвен крст Охрид објавува конкурс за поетски, прозни и ликовни творби на тема „Топлите прегратки на баба и дедо“.

На конкурсот може да учествуваат ученици од основните училишта во општините Охрид и Дебрца, средните училишта и сите кои ја сакаат ликовната уметност и секој вљубеник во пишаниот збор. Ликовните и литературните творби (во вид на проза или поезија) може да се доставуваат во просториите на Црвен крст Охрид, ул. Димитар Влахов бр. 52, или да се испратат на е-маил: ohrid@redcross.org.mk најдоцна до 11.11.2018 г.

Творбите треба да бидат потпишани од авторот со податоци за име и презиме, возраст, училиште, контакт телефон и адреса на живеење.

Конкурсот ќе трае од 05 октомври до 11 ноември 2018 година.

Пристигнатите творби ќе ги оценува посебно формирана стручна комисија, која до 15 ноември ќе ги објави резултатите, а за првите 3 најдобро оценети следат награди кои ќе бидат доделени во рамки на одбележувањето на Неделата на грижа за стари лица од 11 до 17 ноември 2018 г.