Конкурс за распределба на средства за учество на домашни научни истражувачи на меѓународни научни собири 2018 година
Врз основа на член 50 од Законот за научно-истражувачката дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 46/2008, 103/2008, 24/2011, 80/2012, 24/2013, 147/2013, 41/2014, 145/2015, 154/2015 ,30/2016 и 53/2016 ), член 7 од Правилникот за начинот на финансирање на организација на научни собири и учество на домашни научни истражувачи на меѓународни научни собири и студиски престои во странство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 51/2013) Министерството за образование и наука распишува:
К О Н К У Р С
за распределба на средства за учество на домашни научни истражувачи на меѓународни научни собири 2018 година
1. Министерството за образование и наука со овој конкурс распределува средства за учество на домашни научни истражувачи на меѓународни научни собири 2018 година.
2. Учество на домашни научни истражувачи на меѓународни научни собири се финансира по доставување на следнава документација:
пополнета пријава ;
доказ дека е трудот прифатен за усно или писмено (постер) презентација од организаторот на меѓународниот научен собир;
согласност од установата каде што е вработен кандидатот за учество на меѓународниот научниот собир и истата со потпис и печат од раководителот на институцијата и архивирана во архивата од поднесителот на институцијата;
потврда за висината на патните трошоци;
потврда за висината на котизацијата и
абстракт од научниот труд.
3. Научниот истражувач е должен да ја достави бараната документација согласно точка 2 од овој конкурс.
4. Право на доделување на финансиски средства за учество на домашни научни истражувачи на меѓународни научни собири имаат државните универзитети и приватните универзитети-во нивните единици насочени кон наука (начни институти) и во едниците насочени кон образование засновано на наука (факултети), Македонската академија на науките и уметностите, самостојни државни високообразовни установи, самостојни приватни високообразовни установи, јавни научни установи, мешовитите научни установи, приватни научни установи и самостојни истражувачи, по пат на јавен конкурс.
5. Средствата кои се доделуваат за учество на домашни научни истражувачи на меѓународни научни собири се доделуваат во согласност со расположливите средства на Министерството за образование и наука за тековната година.
6. Државните универзитети и приватните универзитети-во нивните единици насочени кон наука (начни институти) и во едниците насочени кон образование засновано на наука (факултети),Македонската академија на науките и уметностите, самостојни државни високообразовни установи, самостојни приватни високообразовни установи, јавни научни установи, мешовитите научни установи, приватни научни установи и самостојни истражувачи, пријавите и документите наведени во точка 2 ги доставуваат на следната адреса или во архивата на:
МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
Сектор за наука и иновации
бул. „Кирил и Методиј“ бр. 54
1000 Скопје
7. Конкурсот започнува од 19.02.2018 и ќе трае заклучно со 23.11.2018 година.
Дополнителни информации за конкурсот можат да се добијат во Министерството за образование и наука на Република Македонија, лица за контакт:
Живко Колчакоски канцеларија број 1406 или на мобилен телефон 076-485-046 и
Катерина Стефковска канцеларија број 1406 или на мобилен телефон 076-485-047