Конкурс за стипендии за студиски престој во земјите членки на CEEPUS Програмата
Република Македонија како потписник на Договорот помеѓу Република Албанија, Република Австрија, Република Бугарија, Босна и Херцеговина, Република Хрватска, Република Чешка, Република Унгарија, Црна Гора, Република Полска, Република Молдавија, Романија, Република Србија, Република Словачка, Република Словенија и Република Косово за промовирање на соработката во полето на високото образование во рамките на Централноевропската програма за размена во областа на универзитетските студии (CEEPUSIII- Central European Exchange Program for University Studies), им овозможува на високообразовните институции да партиципираат како партнери во вкупно 36 мрежи од различни области. Во рамки на овие мрежи студентите од прв, втор и трет циклус и професорите имаат можност да аплицираат за стипендии за студиски престој надвор од Република Македонија. Во CEEPUS мрежите вклучени се и Универзитети од гореспоменатите земји.
Програмата има за цел да промовира мобилност на студенти и наставен кадар и соработка и развивање на заеднички програми што води до заеднички дипломи (Joint degree).
За академската 2018/2019 година вклучени се следниве високообразовни институции од Република Македонија:
1.Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј’’- Скопје преку следниве факултети:
– Филолошки факултет „Блаже Конески“
Катедра за Германски јазик и книжевност;
Катедра за Италијански јазик и книжевност,
– Медицински факултет;
-Факултет за ветеринарна медицина;
-Машински факултет;
Институт за производно инженерство
– Природно – математички факултет
Институт за хемија;
Институт за етнологија и антропологија;
Институт за географија;
– Факултет за земјоделски науки и храна;
-Правен факултет „Јустинијан Први„
– Економски факултет;
-Фармацевски факултет,
– Технолошко-металуршки факултет,
– Факултет за електротехника и информациски технологии;
Институт за математика и физика
– Филозофски факултет;
Институт за историја на уметност и археологија
Институт за филозофија
– Градежен факултет
Катедра за механика и материјали;
-Факултет за ликовни уметности
2.Универзитетот ,,Св.Климент Охридски’’ – Битола преку следниве
факултети:
-Факултет за информатички и комуникациски технологии – Битола,
-Правен факултет – Кичево
-Факултет за туризам и угостителство- Охрид,
-Технички факултет – Битола,
-Хидробиолошки институт- Охрид,
– Технолошко-технички факултет – Велес.
3. Универзитет „Гоце Делчев’’ – Штип преку следниве факултети:
-Земјоделски факултет,
4.Државен Универзитет во Тетово- Тетово преку следниве факултети:
– Факултет за медицински науки,
-Економски факултет,
-Факултет за природно-математички науки,
– Филозофски факултет.
5. Универзитет за информатички науки и технологии „Св Апостол Павле“ – Охрид
-Факултет за информатички системи, визуелизација, дигитална, мултимедијална и анимациска техника
6 .Институт Евро- Балкан- Скопје,
-Студии на Југоисточна Европа
7.Американ Колеџ- Скопје
– Странски јазици
8. Факултет за бизнис економија – Скопје
Единствен начин е online аплицирање на www.ceepus.info
Крајниот рок за аплицирање за зимскиот семестар во академската 2018/2019 година е 15 јуни 2018 година, а за летниот семестар во академската 2017/2018 година е 31 октомври 2018 година.
За подетални информации обратете се во Националната CEEPUS канцеларија при Министерството за образование и наука, на контакт телефон 02/ 3140185 или e-mail: olga.dukovska@mon.gov.mk,.