Конституиран новиот совет на Општина Охрид
Советот на општина Охрид денеска ја одржа првата конститутивна седница. На седницата што ја отвори претседателката на претходниот совет Гордана Коњаноска, а потоа ја водеше највозрасниот советник Славица Петровска, претседателот на Општинската изборна комисија Димитрија Вревезоски, им ги врачи уверенијата на новите 23 советници.
Новоформираната комисија за верификација, избори и именувања, ги верификува мандатите на новоизбраните советници, а првата честитка ја добија од градоначалникот Јован Стојаноски. Градоначалникот Стојаноски им посака добро здравје и успешна работа и соработка со која заеднички ќе се придонесе за подобра иднина на граѓаните на Охрид.
Нови членови на Советот на општина Охрид се: Константин Георгиески,Живка Ангелоска, Мишел Силјаноски, Сашо Ставрески, Елеонора Куноска, Бесим Демиров, Џенгиз Реџеп, Марија Попоска, Филип Јованоски, Рената Арнаудова, Ристо Булоски, Кирил Пецаков, Гордана Коњановска, Снежана Стефаноска, Илија Арнаудоски, Гоце Георгиески, Лидија Петкоска, Александар Попоски, Славица Петровска, Џанер Исмаил, Дејан Шикоски, Нефи Усеини и Џемал Мена.