26/11/2024
Охрид

Континуирани средби на градоначалникот Стојаноски со охриѓани

Во рамки на предвидените средби со граѓани, градоначалникот на Охрид, д-р Јован Стојаноски вчера вечер во големата сала на Општина Охрид имаше состанок со претставници од УЗ „7-ми Ноември“.

На средбата беа изнесени сите проблеми од комуналната и урбана сфера со кои се соочуваат жителите од ова населено место. Се разговараше за можноста од изградба и реконструкција на улици, дислокација на времени објекти, а беа поставувани и прашања околу донесување на Урбанистички планови.

Претходно секретарот на општината, Игор Бежоски имаше средба со жителите на УЗ „Лескајца“.

Денеска попладне во општинската зграда се предвидени средби со жителите од урбаните заедници, „8-ми Септември“ и „Железничка“.