28/11/2024
Спорт

Кошаркарите поразени од Италија во последните пет минути (92:84)

Бевме рамноправни, во добар дел од оние 35.минути, и подобар противник од Италија. Но на крајот се „бројат“ оние последни пет. Противникот беше подобар во решавачкиот сегмент од премиерниот меч на турнирот во Перм.

Затоа и победи, по четвртти пат во овие квалификации, за потврда на лидерското место.  

ИТАЛИЈА – МАКЕДОНИЈА         92:84

„Само“ два поени предност имавме на истекот на првото полувреме (43:41). Прв дел од играта во кој Македонија ја надигра Италија. Особено во вториот период во кој „царуваше“ Ненад Димитријевиќ.

Младиот бек на нашата репрезентација изгледаше незадржливо за противничката одбрана. Погоди скоро се што шутна кон кошот на италијанците.

Нашиот стартен бек креираше одличен почеток за дебитантот во нашиот тим, Џејкоб Вајли. Со неговите поени по осум минути од играта, Македонија поведе со (17:16).  А Американецот најави дека е подготвен да даде 100% од своите можности за успех на тимот.

Не го финиширавме првиот период како треба (заостанувавме два поени, 23:25). Но затоа со серијата (11-2) која ја креираше токму Димитријевиќ, Македонија поведе со дотогаш, највисоки (34:27).

Противникот се врати уште еднаш. Намалија „сиите“ на (34:36). Но со нова мини-серија од (7-1) и по тројката на Ѓуроски, бевме најдалеку во однос на противникот. На 1:40 минути до одморот имавме плус 8 (43:35).

Позитива која тешко ја стекнавме, а многу брзо ја загубивме.

Му дадовме нов „кислород“ на противникот, кој се врати по втор пат. Сега за да намали на „минус два“, (41:43), како што беше по 20.минути од играта во салата „Молот“ во Перм.

И високи, 19.поени за Димитријевиќ, со (6/8 за два поени и 7/9 за еден), по шест на стартниот центарски двоец, Трајковски-Вајли.  

Имавме пет скока помалку во однос на фаворитот, и четири помалку уфрлени шутеви за три поени, што заедно со лошата изведба на слободните фрлања беа и нашите најголеми недостатоци во играта во првото полувреме, кои не ни „дадоа“ да имаме поголем плус.

Со серија од (9-0) во само две минути, Италија одново го превзема водството. Имаа плус 5 (72:67), што беше и нивната најголем предност во тој дел од мечот во Перм. Но по третата тројка на Трајковски , зрамнивме на (72:72).

За момент затоа што со неколку точни удари од далечина, пред сè, за три поени, Италија одново се одвои на (80:74). Но Димитријевиќ нè врати уште еднаш. Со негова помош  и поентирањата на Вајли и В. Стојановски, се доближивме на половина поен негатива (79:80).

Но до крајот имаше да се одиграат дури 4:26 минути. За жал, нашите најслаби на премиерата во Перм. Италијанците се покажаа како подобри финишери. По техничката грешка на нашиот најдобар играч, Димитријевиќ, во последните две минути противникот влезе со недостижни (89:81) кои ги претвори во триумф.

За прво место во групата„Б“ каде утре нè чекаат два натпревари.

Прво од 12.30 часот, Италија игра со Естонија, додека од 15.30 часот е нашата нова шанса во „балонот“ во Перм. Дуелот со домаќинот Русија.