23/11/2024
Спорт

Кошаркарите утре ќе играат против Словачка

Вторпат оваа календарска година нашите сениорски репрезентативци заминуваат за Словачка. Овој пат избраниците на Јорданчо Давитков заминаа во поход кон победа – во претквалификациите за Евробаскет 2021, споредено со средината на јули оваа година кога сениорите одиграа две средби со словачката репрезентација.

Тогаш запишавме еден пораз, а вториот натпревар не го доигравме поради нееднаков аршин на судиските арбитри. Овој пат се надеваме на подобар впечаток и што подобар резултат. Првиот натпревар секогаш е најтежок е колективниот став на репрезентативците.

„За овој претквалификациски циклус можам да кажам дека се може да се очекува. Составот е тој ако се изземат несреќните повреди на Чековски, Трајковски и најновата на Костоски. Репрезентацијата е подмладена со играчи кои ќе бидат идните лидери на оваа селекција. Словачка ни е сериозен противник, со двајца Американци. Ќе се обидеме да го извлечеме најдоброто што го можеме. Во секој случај ќе имаме поголеми проблеми со надворешните линии, имаат двајца Американци кои се одлични шутери, со нивните високи играчи – и не толку. Не гледам некој посебен психолошки притисок, Словачка во февруари треба да дојде во Скопје. Ќе видиме, притисокот повеќе треба да биде кај нив. Ние ќе се обидеме да изиграме и да го извадимте најдобро од нас“. – вели селекторот Давитков за нашиот прв противник во овој прозорец.

Натпреварот против Словачка ќе се игра утре во 18:00 часот, нема да има телевизиски пренос туку ќе може да се проследи на YouTube каналот на ФИБА.