22/11/2024
Македонија

Костадинов: Мицкоски не ги почитува граѓаните!

Прес конференција, Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата
Почитувани,

Христијан Мицкоски, трет ден се крие од јавноста откако се потврди дека ги лажел граѓаните за неговиот ангажман како советник на Никола Груевски.

Иако самиот призна дека земал пари додека му бил советник на Груевски, што ги чинело граѓаните 2 милиони денари, Христијан Мицкоски не им се извини за тоа што ги излажа.
Без никаков срам Мицкоски лажеше пред граѓаните, пред оние од чии пари земал месечни хонорари, а сега се крие и одбива да им се извини.

Ова однесување на Христијан Мицкоски потврдува дека:

Мицкоски не ги почитува граѓаните и нема доблест да им се извини!
Ги потценува граѓаните и за него граѓаните очигледно не се важни!

Мицкоски нема образ и личен интегритет!

Христијан Мицкоски не само што го следи патот на Никола Груевски туку очигледно ги дели и истите вредности со него.

Тоа е една иста матрица на ВМРО-ДПМНЕ која 11 години владееше со лаги, местенки, монтирани случаи и поделби што на граѓаните на Македонија им одзеде деценија од нивните животи.

Тоа е матрицата која што граѓаните ги понижуваше, ги обесправуваше, осиромашуваше и задолжуваше, додека поединци на власт се богатеа.

Граѓаните ќе го ценат Мицкоски по ова негово однесување.