25/11/2024
Дебрца

КОВИД 19: Известување од Министерство за труд и социјална политика

Согласно мерките и активностите за превенција од ширење на болеста COVID-19 ( корона вирус) донесени од Владата на Република Северна Македонија, Министерство за труд и социјална политика презеде конкретни мерки и активности со цел жртвите на семејно насилство да добијат соодветна  помош, подршка и заштита најпрво да се јават на Националната бесплата мобилна СОС линија за жртви на семејно насилство, која обезбедува 24 часовна точна, навремена и доверлива информација за заштита на жртвите, достапни услуги и телефонско советување на жртвите на родово бизарно насилство и семејно насилство. Во случаи кога постои сознание за загрозување на животот и здравјето на граѓаните, како последица на семејно насилство, да се пријави до најблиската Полициска станица или надлежниот Центар за социјална работа, независно дали е полициски час.

Исто така Ве известуваме дека за општините Меѓуопштинскиот центар за социјална работа има формирано  специализирани тимови кои може да ги контактирате на следните телефонски броеви и e-mail адреси :

  • Центар за жени жртви на родово бизарно/семејно насилство.
  • Советувалиште за жени жртви на родово бизарно/семејно насилство.
  • Контакт : ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Охрид
  • Телефон: +389; 72 232 076, 70 267 831, 71 231 032
  • E-mail: jumcsrOhrid@mtsp.gov.mk