Кражба во црквата Света Недела во Радожда
На 23.01.2021 во Полициска станица Струга, И.П.(41) од с.Радожда, струшко пријавил дека во временски период од 14,30 до 15,00 часот во црква „Света Недела“ во с.Радожда, непознати сторители влегле во црковниот објект и од метална каса одзеле пари.
Извршен е увид на местото на настанот при што пронајдени се одземените пари кои се предадени на одговорно лице во црквата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.