Кривична пријава за стружанец поради вршење јавен превоз без лиценца
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.П.(30) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца“.
При контрола извршена на 06.07.2021 на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници констатирале дека тој врши такси превоз на патници без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен орган.