Кривична пријава против двајца охриѓани кај кои бил пронајден кокаин
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ж.Р. (34) од Охрид и Љ.З.(41), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
При претрес извршен во стан во Охрид што заеднички го користеле, полициските службеници, пронајдоа и одзедоа опојна дрога кокаин.
WebOhrid / 02.01.2024 / СВР Охрид