22/11/2024
Струга

Кривична пријава против жител од Велешта поради ширење содржини со детска порнографија

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Ј.(28) од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“.

Тој, користејќи апликации за комуникација, на повеќе социјални мрежи се зачленувал во групи, во кои ширел содржина со детска порнографија. Потоа, истите ги споделувал во други групни и лични профили со кои разменувале линкови од групи со таква и слична содржина.


WebOhrid / 10.07.2024 / СВР Охрид