27/11/2024
Дебрца

Кривична пријава за 17-годишен охриѓанец поради кражби во Злести и Песочан

Поради постоење основи на сомнение за сторени три казнени дела „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.П.(17) од Охрид.

Тој, казнените дела ги извршил во периодот октомври – декември минатата година во селата Злести и Песочан, општина Дебрца користејќи подесен алат и прибор, но и физичка сила.

Пријавениот, во селото Злести извршил две тешки кражби одземајќи два акумулатори, едниот поставен на земјоделска машина-трактор, а вториот оставен во помошна просторија каде успеал да влезе со насилно кршење на катинарот од влезната врата.

Пред крај на минатата година, пријавениот со алат и со физичка сила насилно отворил и отстранил еден прозорец од контејнер-магацин поставен на магистралниот пат Охрид – Кичево, сопственост на АД фабрика „Карпош – Скопје“ од каде одзел 150 литри нафта, брусен камен и еден акумулатор.

Со извршувањето на трите казнени дела „тешка кражба“, пријавениот Ф.П. се стекнал со противправна имотна корист од околу 20.000 денари.