Кривична пријава за англичанец поради нарушување на јавен ред и мир на ул„Македонски Просветители“
На ден 14-ти овој месец во 23 часот и 15 минути, во СВР Охрид приведен е С.Л.Б. (29) од Престон-Англија. Приведувањето е извршено поради сторен прекршок односно кршење на одредбите од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.
Приведениот С.Л.Б. синоќа на булеварот „Македонски Просветители“, го нарушил јавниот ред и мир со непристојно и дрско однесување, а потоа и со кршење на рекламна табла од деловен објект лоциран на булеварот.
На тој начин предизвикал вознемиреност кај граѓаните и ја загрозил нивната безбедност.