30/11/2024
Македонија

Кривична пријава за царински службеник

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Г.М.(51) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Тој, како царински службеник, на граничниот премин „Блато“ на македонско-албанската граница, извршил пропуштање на криумчарена разновидна прехрамбена стока без декларација, сопственост на В.И. од Дебар и овозможил стоката да ја премине царинската линија со избегнување на царинска контрола и наплата на увозни давачки. Со тоа, му овозможил на В.И. да се стекне со противправна имотна корист во износ од околу 468.000 денари.