22/11/2024
Охрид

Кривична за две лица кои го нарушиле јавниот ред и мир на ул. „Железничка“ во Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Т.(42) од селото Лактиње, како и против Љ.Р.(57) од Охрид, за сторено казнено дело ,,спречување лице во вршење работи на безбедноста”.

Пријавените, на 04.09.2020 година во угостителски објект на улицата „Железничка“ во Охрид, го нарушиле јавниот ред и мир, по што Н.Т. упатил вербални навреди кон полициските службеници кои пристигнале, а потоа и физички ги нападнале, спречувајќи ги во извршувањето на службените мерки.