21/11/2024
Дебрца

Кривична пријава за две лица кои краделе во Требеништа и Мешеишта

Поради постоење основи на сомнение за сторени шест казнени дела „кражба“ и „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Ј.(43), Ј.П.М.(20), двајцата од селото Требеништа, општина Дебрца.

Пријавените, казнените дела ги извршиле во периодот од 01.11.2019 година до 20.01.2020 година на подрачјето на Охрид и селата Требеништа и Мешеишта. Користејќи подесен алат и физичка сила насилно влегувале во куќи и други помошни простории и одземале компјутер, агрегати, алати и други предмети. На тој начин, тие се стекнале со против правна имотна корист од околу 87 000 денари.