Кривична пријава за две лица од Охрид поради злоупотреба на службената положба
На ден 25.04.2018 година СВР-Охрид до ОЈО-Охрид поднесе кривична пријава против О.Л (49) од Струга, шеф на Отсек за комерција и јавни набавки во ЈЗУ „Општа болница“ Охрид за сторено КД „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 ст.5 в/в ст.2 од КЗ на РМ и против М.К. (59) од Охрид, помошник директор за економски работи во ЈЗУ „Општа болница“ за сторено продолжено КД „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 ст.2 в/в ст.5 и ст.4.
Пријавените во периодот од 2013 до 2016 година додека биле на раководни места договарале јавни набавки на услуги за сервисирање и одржување на медицинска опрема само со една фирма Уни Медикал ДООЕЛ Скопје при што го надминале предвидениот лимит од 1.000.000 денари за дополнителни 1.262.342 денари. Првопријавената и покрај тоа што ставката на проценета вредност на јавна набавка била од 13.000.000 денари за која била донесена и одлука изготвила Одлука со невистинити податоци на износ од 16.000.000 денари со што го надминала предвидениот лимит за 2.202.136 денари. Со наведените дејствија двете пријавени на ЈЗУ „Општа болница“- Охрид предизвикале вкупна материјална штета од 3.464.478 денари.