Кривична пријава за две лица од Радолишта поради бесправно градење
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Л.А.(46) и Л.Е.(36), двајцата од село Радолишта-струшко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во Струга на улицата „Цветан Димов“ пријавените како инвеститори изградиле објект за индивидуално домување спротивно на основниот проект, за што од страна на градежен инспектор при Општина Струга било донесено решение за прекин на градбата и усогласување на истата со основниот проект и издаденото одобрение за градење.