30/11/2024
МакедонијаСтруга

Кривична пријава за две лица поради бесправно градење и узурпација на недвижности

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Струга во два одвоени случаи поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела “бесправно градење“ и “узурпација на недвижности“ поднесе кривична пријава против Џ.М.(34) од Дебар и Б.В. (37) од село Велешта, струшко. Во првиот случај Џ.М. како инвеститор, во Дебар, на улица „Ристо Крле“, без одобрение за градење, изградил доградба на деловен простор од метална конструкција, на просторот помеѓу два објекти, сопственост на Р. Македонија. А во вториот случај Б.В. како инвеститор, во Струга на улица „Мислешевски Пат“, спротивно на одобрението за градење и основниот проект, изградил еден кат повеќе од објектот.