Кривична пријава за инвеститор од Охрид кој бесправно изградил куќа на улицата „Железничка“
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.К.(55) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Тој, во својство на инвеститор во текот на 2020 година, на улицата „Железничка” во Охрид, без одобрение за градба издаден од надлежен орган, изградил индивидуална станбена куќа.
Од страна на овластен градежен инспектор од општина Охрид, донесено е решение, со кое на инвеститор му се наредува да ја отстрани градбата.